Superprof е платформа за онлајн и лично туторство. Основана во 2013 година во Франција, платформата сега обединува над 29 милиони наставници и 32 милиони студенти во не помалку од 50 земји. Експоненцијалниот успех на компанијата се заснова на разновидноста на понудените предмети: покрај „класичните“ курсеви како математика или јазици, можете да најдете курсеви за глума, музика, па дури и астрологија.
По спроведен конкурс, брендот ја избра независната француска агенцијата HEREZIE за реализација на оваа меѓународна кампања, вклучително и лансирањето на новиот видеоспот на почетокот на учебната година.
Спотот е можност за брендот да ја истакне својата „уникатна продажна точка“ со новиот слоган “Find your learnmate” („Најди го својот соученик“). Од своето основање, Superprof се наоѓа на врвот на својата индустрија, применувајќи уникатен модел според кој на ученикот не му се доделува наставник, туку тој или таа самите го избираат – по сопствена мерка! Тоа е нешто што сме сонувале кога бевме ученици, а Superprof го овозможија.
Хумористичниот филм, во режија на Сидни Ван Викелем (продукција: Badass), веќе може да се види на социјалните мрежи, на стриминг платформите, а наскоро и во кината во САД и Европа:
ЗАСЛУГИ
Агенција: HEREZIE
CEO: Andréa Stillacci
Managing Director: Romain Bruneau
Creative Directors: Paul Marty and Etienne Renaux
Art Director: Tram-Anh Nguyen
Copywriter: Laura Lefebvre
Producer: Sveva Rossino
Business Manager: Maud-Emilie Baron
Бренд: Superprof
CEO: Wilfried Granier
Managing Director: Camille Lemardeley
Brand Director: Robin Cros
Art Director: Michaël Laires
Продукција: BADASS
Producer: Blaise Izard
Director: Sidney Van Wichelem
Cinematographer: Ben Cotgrove
Production manager: Greg Ohnet