Хилтон сака да ја истакне убеденоста на нејзиниот основач дека патувањето во светот може да доведе до подобро разбирање меѓу луѓето и да придонесе за светскиот мир
Џон Ленон и Јоко Оно го одржаа својот познат протест “Bed-In for Peace” во хотелот Хилтон во Амстердам во соба 702, кога протестираа против војната во Виетнам, на тој начин, промовирајќи мир во светот. Во чест на културното влијание на нивниот активизам за време на медениот месец, Хилтон започна специјална видео-кампања, истакнувајќи ја визијата што овој пар ја замисли уште во 1969 година.
Видеата се занимаваат со широк спектар на теми, од одржливост на културата на работното место, преку приказните на два моќни и инспиративни членови на тимот на Хилтон – еден од нив бегалец, а другиот имигрант.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=10&v=_Fz6od6h1rk
Воведот во секое видео покажува дека основачот на компанијата Хилтон, Конрад Хилтон ја изгради својата глобална компанија врз основа на верувањето дека патувањето низ светот, може да доведе до подобро разбирање меѓу луѓето и да придонесе кон глобалниот мир. Тој своевремено, отворено ги поздрави Оно и Ленон и историјата што тие ја вдахнаа кон овој бренд.
По повод 50-годишнината од нивниот “Bed-In protest“ (25 март), Хилтон започна кампања “Соба 702“ со видеа кои му оддаваат почит на визијата за Конрад Хилтон, како и членови на нивниот тим кој буквално ги живеат истите тие вредности.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=57&v=yeXPTZlkzj0