H&M, еден од водечките светски модни брендови, започна соработка на поединечните пазари во Србија и Хрватска со медиските агенции UM Белград и UM Загреб. Овие агенции се препознати од страна на клиентот како квалитетни партнери кои на брендот H&M можат да им овозможат сеопфатна поддршка во медиската комуникација. Во согласност со тоа, UM на пазарите на Србија и Хрватска ќе им овозможи на H&M целосна палета на медиски сервиси, од медиски стратегии, анализи, тактичко планирање на кампањите, закуп и оптимизација на сите медиски канали, до мониторинг и post-buy анализа.
Данило Дробњак, регионален раководител на маркетинг и ПР во H&M изјави: „Се радуваме на соработката со UM и тимот кој ја дели страста за модтата заедно со нас. Партнерски ќе работиме на инспиративните имплементации на нашите кампањи, а на задоволство на сите љубители на модата “.
Билјана Колаковиќ, регионален директор на агенцијата UM, по тој повод изјави: „Секој чекор во изработката на подгоговката на презентација за H&M беше полн со ентузијазам и инспирација. Спроведовме дополнителни истражувања на пазарот на фокус групата, се консултиравме со колегите од другите европски пазари, разменавме искуства и знаења, ги интервјуиравме уредниците на најзначајните модни магазини, разговаравме со модните блогери… Имаме уште многу работи во план и затоа многу се радуваме за соработката со H&M.“