Во својата најнова кампања за британскиот пазар, модниот бренд H&M им овозможува на потрошувачите бесплатно да изнајмат костум за 24 чеса и да остават силен впечаток на нивното работно интервју.
Имено, кампањата е развиена врз верувањето дека првиот впечаток за една личност се добива во првата секунда од нивното запознавање, па така облеката која луѓето ја носат е од клучно значење.
Со цел промоција на новата услуга, како дел од кампањата беше лансиран и видео спот кој прикажува повеќе млади мажи како се подготвуваат за работно интервју. Притоа, снимките се проследени со нарација од нивните мајки кои ги охрабруваат и им кажуваат колку тие се всушност горди на нив.
Изнајмувачите имаат право да го користат костумот еден цел ден, по што ќе треба да го вратат во претходно купена торба за таа намена. Тие нема да сносат одговорност за никакви мали оштетувања, но во случај на големо оштетување, ќе мора да ја платат целата малопродажна цена за костумот.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Uncommon Creative Studio и продукциската куќа Anonymous Content.