Познатиот шведски бренд H&M ќе има своја продавница во Ист гејт мол во Скопје, најави на својот инстаграм профил Арсим Папранику, првиот човек на новиот трговски центар. Просторот наменет за овој бренд ќе започне со работа во 2022 година.
Во 2022 година H&M ќе стартува на шест нови пазари: првите продавници ќе се отворат во Еквадор, Косово и Северна Македонија и преку франшиза во Костарика, Гватемала и Камбоџа. Воведувањето на H&M онлајн продолжува во 2022 година со Белорусија, Колумбија, Казахстан, Перу и Украина.
Извршниот директор Хелена Хелмерсон рече дека групата „силно ја заврши годината, со продажбата повторно на исто ниво како пред пандемијата и со подобра профитабилност отколку што беше веќе неколку години“.
Шведскиот евтин моден бренд Hennes&Mauritz AB во петокот објави дека неговата нето-продажба во локални валути се зголемила за 8% во четвртиот квартал од 2021 година на 56 милијарди круни (6 милијарди долари) назад на нивото пред пандемијата со целосна годишната нето-продажба зголемена за 6% до 199 милијарди круни (21 милијарди долари).
Групацијата со седиште во Стокхолм соопшти дека нејзината бруто добивка за четвртиот квартал се зголемила за 14% на 31,3 милијарди круни (3,3 милијарди долари), додека за целата година се зголемила на 105 милијарди круни (11 милијарди долари), од 93,5 милијарди круни.