Холандската министерка за образование, култура и наука Ингрид Ван Енгелсховен бара да се престане со производство и продажба на играчки за деца кои ја потврдуваат општествено наметнатата родова улога, објави холандската телевизија NOS
Министерката ги повика производителите на играчки да внимаваат на своите производи.
Иницијативата на холандската министерка дојде во време кога во Франција стапи на сила нова политика со цел да се осигура дека играчките за деца треба да бидат “родово“ неутрални.
Така, од француските продавници за играчки ќе исчезнат посебните оддели за момчиња и девојчиња, а ќе се воведе забрана за одвоено рекламирање на играчки за девојчиња и играчки за момчиња. Покрај тоа, од следната година, продавачите нема да смеат да ги прашуваат купувачите за полот на детето за кое е наменета играчката.
Најавените планови на холандската министерка се насочени кон борба против стереотипите и предрасудите затоа што, како што изјави таа, во Холандија се застапени реклами за играчки за деца врз основа на стереотипи за родовите улоги и родовата поделба на трудот.
Холандското Министерство за образование, култура и наука веќе води разговори со издавачите за укинување на употребата на стереотипи во учебниците.