Оваа уникатна уметничка инсталација го промовира туризмот, фокусирајќи се на луѓето, а не само на знаменитостите во Брисел како туристичките дестинација
Белгискиот железничка компанија Thalys создаде пет метри високи холограмски статуи од жители на Брисел, во обид да го промовира туризмот, но и духот на градот.
Кампањата “Човечки споменици“ се потпира на сознанието дека Брисел е 12-тиот најпопуларен европски град меѓу туристите. Кампањата за Thalys ја изработи агенцијата Rosapark, а идејата беше да се зголеми пријатната атмосфера во градот, ставајќи ги неговите жители на пиедестал – и тоа во буквална смисла.
Брендот користеше холографска технологија во Mont des Arts во центарот на Брисел, каде што ги повикувале минувачите да влезат во кабината каде што биле фотографирани во 360 степени. Фотографиите потоа беа претворени во сиви, статични холограми, проектирани како високи силуети со височина од 5 метри ставени на постамент.
Текстот под статуите гласи: ” Вистинските споменици на Брисел се неговите луѓе.”