Креативна идеја која се заснова на моќта на препораката од вистинските корисници
Хонда нема многу продажни салони во Франција и кога побараа од својата агенција Sid Lee Paris да им помогне во продажбата на најновите CR-V и HR-V SUV модели, агенцијата се обрати за помош до најголемите фанови и корисници на брендот.
Идејата на оваа компанија се темели на фактот дека обожавателите се всушност најдобри продавачи, благодарение на автентичноста на нивните препораки, така што брендот ги опреми со сите видови на промотивни материјали, ефективно претворајќи ги нивните гаражи во продажни салони.
Кампањата #HondaNextDoor траеше три недели, а започна со изборот на амбасадори на брендот помеѓу сопствениците на најновите модели – луѓе кои веќе знаат какво е чувството да се вози CR-V или HR-V, што ги прави веројатно подобри презентери од некој обичен продавач. Беа избрани вкупно десет лица, а нивните гаражи се претворени во pop-up продавници низ цела Франција.
Кмпањата е проследена со елементи на социјалните медиуми и со ТВ кампања, во која е претставен најголемиот фан на брендот во Франција, Жан Баптист, кој ги повикува купувачите де се регистрираат за тест-возење во локалните pop-up салони. Кампањата допре до милион луѓе – а повеќе од 1000 луѓе се пријавиле да ги посетат овие посебни гаражи.
После успехот на францускиит пазар, #HondaNextDoor набрзо ќе се појави и во другите европски земји, почнувајќи од Белгија.