Седум имитатори на Елвис Присли се здружуваат, без разлика на големите растојанија кои ги раздвојуваат, во најновата реклама на Apple. Овој 60-секунден музички спот ја промовира опцијата за групен FaceTime видео чет во новиот iOS 12.1.
Рекламата почнува во еден евтин мотел, каде „Елвис“ свири на својата гитара. Навидум е сам, но всушност со него се неговите пријатели, други имитатори на „Кралот“ кои се наоѓаат во зграда во Азија, отворените широчини на Западна Америка, височините на Њуjорк, замрзнатата Сибирска тундра, во центарот на монсун и на брод кој плови по разбранувано море.
Групата емитатори на Елвис ја носат карактеристичната облека (и фризура) на оригиналот од целата негова кариера – од Хавајски опуштено, до Лас Вегас помпезно. Како што секој од нив се вклучува во групниот видео чет, неговата слика се зголемува, за на крај сите заедно, во еден глас (и слика), да ја завршат песната „There’s Always Me“ како да се во иста соба.