Сопственикот на еден од најголемите светски ланци на хотели InterContinental, најави дека во иднина, нивните гости нема да можат да сметаат на шампоните во мини шишињата и другите козметички и хигиенски средства кои обично сакаат да ги понесат со себе.
Ваквата одлука групацијата ја донесе во рамките на борбата за зачувување на животната средина, особено на водените површини. Се наведува дека до 2021 година, речиси 843.000 хотелски соби ќе се префрлат на користење на поголеми пакувања на хотелска козметика.
„Користењето на хотелска козметика во поголеми пакувања во повеќе од 5.600 хотели ширум светот е голем чекор во вистинската насока што ќе овозможи да го намалиме отпадот“, изјави извршниот директор на Интерконтинентал, Кит Бар.
Оваа компанија годишно користи околу 200 милиони мини пакувања на козметика наменети за хотелски тесоби.