Хотелиерската онлајн платформа Hotels.com неодамна склучи партнерство како „официјален патнички партнер“ со американска кошаркарска НБА лига, што претсавува одличен договор за брендот со оглед на тоа што кошаркарите играат 42 гостувачки натпревари во текот на една сезона.
По тој повод, платформата ја лансираше и својата прва кампања со кошаркарска тематика и тоа за време на изминатиот „Ол-Стар“ викенд, кога заедно играат најголемите ѕвезди во лигата, а ќе продолжи да се емитува до крајот на НБА сезоната.
Кампањата се состои од серија на хумористични спотови во кои два рецепционисти, толкувани од комичарите Сем Ричардсон и Ајк Баринхолц, разговараат за нивните кошаркарско-хотелиерски искуства, притоа истакнувајќи некои од дополнителните чекори што хотелските брендови ги преземаат за да им удоволат на НБА ѕвездите.
„Едниот сака кошарка, другиот сака хотели. Но, нивната заедничка страст? Помагање на играчите во НБА да го најдат своето #СовршеноНекаде“ – стои во описот на кампањата од Hotels.com.