Во 2013 година , Хајнекен освои бронзен лав во Кан со “Кандидат” (“The Candidate,”), натпревар кој создаде неверојатни 1.734 глобални записи.
Сега , брендот се врати назад да направи регрутирање со “Места каде треба да одите”(“Go Places,”), предводен од д-р Seuss каде преку музичко – носталгично видео ги поканува талентите да одговорат на 12 прашања, кои мора да бидат одговорени за време од три до пет секунди.
Врз основа на моделот Enneagram , резултатите ќе покажат персонален профил, кој мора да биде испратен заедно со вашата биографија при аплицирање за вашиот Хајнекен сон на LinkedIn.
Видеото ја прикажува групата од вистински вработени во Хајнекен , преку една разиграна и пријатна атмосфера.
Сајтот “Go Places”, креиран за период од година и половина од страна на Wefilm, Cloudfactory и Суперхеројот Cheesecake (кој управува со технологијата и интерактивноста),го прави процесот на интервју темелен, брз и полн со изненадувачка забава иако понекогаш испаѓа редуктивен. (Бевме сведоци на еден дечко кој со користење на два мауси одеднаш даде повеќе одговори … И постигна навистина добри резултати.)
“Хајнекен се врти околу личноста на своите вработени , а тие истовремено сакаат истата личност да се надгради. Тоа е главната порака со која мораше да се сретнеме и имаше за цел да ја издвои оваа кампања од сите други кампањи со хумани ресурси”, објаснува директорот Wefilm Lennart Verstegen.
“Ова мора да е прв пат некој сектор за човечки ресурси да направи толку кул кампања, која ги рефлектира вредностите на брендот Хајнекен на единствен начин и прикажува како да се постојано умни и паметни”.
“Интервјуто” , исто така, е преполно со вешти локализации каде се обрнува внимание на деталите за Хајнекен. Ова влијае на часовникот на интервјуерот, го покажува вашето локално време , пивата и храната што поминуваат и трепкаат пред вас во рапидна брзина.
“Гледаш Empanadas мексичко јадење кога си во Мексико, или нудл супа кога си во Виетнам. Истото се случува кога претставувате локално пиво. Го гледате она што е всушност локално во вашиот пазар . Амстел е пиво во Холандија (повторно на Хајнекен компанијата за пиво! ) и Star Beer во Нигерија ( исто така Хајнекен пиво) “, вели Verstegen .
“На овој начин можеме да гo направиme процесот многу важен за различните култури, без да изгледа тоа на некој луд трик. Тоа е нешто што мислам дека во скоро време е многу елегантно и интелигентно”.
Откако ќе ги добиеме вашите резултати (ние сме Иницијатори !), Ќе бидете насочени да пристапите кон LinkedIn страницата на Хајнекен, каде што можете да го најдете работното места што ви се допаѓа и го сметате за најдобро. Овој процес од интервјуто e разнобразен и интересен. Апликациите на веб-сајтовите се менуваат и станаа забавни, како некогаш до сега. Но, приказната зад “Go Places” е богата и суптилна, информираат вработените на Heineken за вистинските авантури.
“Тие сакаа тоа да биде манифестирано внатрешно, пред се за новите вработени и за новите пивари, така што тие ќе го почувствуваат она што Хајнекен компанија е. Вели креативниот директор на Cloudfactory, Џесика Керстен . Работата, беше поткрепена со две големи сознанија: Развојот и заштитата на идејата во извршувањето.
“Првиот ден кога почнавме да работиме на големата идеја, ние се тетеравевме врз една статија на еден холандски магазин која лежи во нашето студио за Фреди Хајнекен ” Керстен продолжува. ” Темата беше како Фреди ги регрутира своите топ таленти. Тој имаше една интересна идеја за интервју кое ќе биде сосема различно од она што го знаеме во светот на бизнисот денес. Тој ги покани кандидатите поединечно заедно со неговата сопруга на вечера. Во тоа време не биле премногу женски кандидати.
Откако кандидатите ќе седнеле до него, Фреди добивал лажен повик од одделот за човечки ресурси , барајќи критична документација. Како што шоферот на Фреди ги возел кандидатите далеку, Фреди ја наговорил неговата сопруга да дознава кои всушност се тие луѓе.
Фреди знаеше дека, иако некој кандидат ги има сите вештини и искуство , тој како менаџер мора да знае да се справи со тешки ситуации во различни земји од целиот свет, додаде Кирстен.
Huijgen додава: ” Ние поминавме многу време во интервјуирање на вработените, како во времето на Фреди , кога тој посочува дека вработените се испратени од целиот свет на тешки мисии и затоа треба нивната личност и нивните вештини да бидат успешни. “.
Можеби некои од приказните звучат како работи на шпионска фикција. Додаде Huijgen.
Конечно! Сакате да се приклучите кон овој натпревар?! Ако се одлучите за интервју и сакате да се чувствувате како дел од Хајнекен компанијата, Керстен додава дека преку прашањата ќе го почувствувате хуморот, харизмата и енергијата на вработените.
“Ова е токму она што го покажува нашето интервју “, заклучува таа. ” Откако ќе завршите со одговори на прашањата , веднаш ќе го знаете вашето мислење. Дали ја сакате оваа компанија или таа не е за вас.
Хајнекен ќе ги користи резултатите за да зборува со вас за вашата личност за време на интервјуто, и за проценка која ќе служи како општ податок за културата на компанијата. “