(РЕГИОН) – Хрватското здружение за односи со јавноста (ХУОЈ) додели вкупно 24 сертификати со кои за прв пат ги лиценцираше ПР професионалците од оваа земја.
ХУОЈ уште во Јуни започна со процесот за сертифицирање, со цел да постави стандард во стручноста и подигнување на квалитетот на самата професија Односи со јавност. Поседувањето на Сертификат за лиценциран ПР-овец докажува дека неговиот сопственик поседува професионални вештини и голем опсег на теоретско знаење, но и дека е спремен на континуирано учење и развој.
Првата група на 24 стручњаци, го доби овој сертификат бидејќи исполнува некој од следниве услови:
– Од претходно поседува сертификат од британското професионално здружение Chartered Institute for Public Relations (CIPR)
– Има докторат од професијата ; или
– Има повеќе од 20 години искуство во професијата Односи со јавност.
Првите 24 сертифицирани ПР професионалци од Хрватска се: Darko Alfirev, Mario Aunedi Medek, Sandro Baričević, Snježana Bahtijari, Nina Bertapelle, Dunja Bua Maričević, Violeta Colić, Marina Čulić Fischer, Željko Jelić, Lucijana Jerković, Dubravka Jusić, Franc Kaučič, Aleksandra Kolarić, Kristina Laco, Krešimir Macan, Ankica Mamić, Meri Maretić, Daria Mateljak, Mihovil B. Matković, Astrid Mušura Kaučič, Ana Šimunović, Vlatka Škorić, Ana Tkalac Verčič и Maja Weber.
Претседателката на ХУОЈ, Александра Колариќ на свеченото доделување на сертификатите ја даде следнава изјава : “Статусот на лиценциран ПР професионалец е доказ за највисок степен на професионална исклучителност во нашата професија. Сертификатот на ХУОЈ на работодавците ќе им гарантира стратешко ниво на знаење, вештини и способност во полето на управување со комуникациите. Интересот за добивање на сертификатот е голем, а со првите проверки на знаењето тргнуваме во декември ова година“
ХУОЈ во рамки на програмата за сертифицирање ќе доделува статус на сертифициран стручњак за односи со јавност на поединечна основа на своите членови кои успешно ќе го довршат процесот за сертифицирање и проверка на знаењето.