Судот пресуди дека обувките наликуваат на заштитениот бренд
Компанијата Zhejiang со седиште во Загреб, ќе мора да ги уништи сите спортски обувки кои потсеќаат на „Адидас“ и да и` ги надомести не така малите судски трошоци на германската компанија, пресуди Трговскиот суд.
Најинтересно во целата приказна околу спорот на заштитената трговската марка на најпознатата светска компанија за производство на спортска облека е тоа што патиките на компанијата Zhejiang имале четири црти.
Судот пресудил дека обувките наликуваат на заштитената трговска марка во сè друго, но тужената компанија немала такво мислење. Обувките го носеле натписот Бобан и од компанијата, тврдат дека овие патики стекнале углед на пазарот и „посебен карактер со кој се издвојуваат од останатите“.
„Самите црти кои може да се најдат кај моделите на патики не се, а како што наведува Адидас во својата тужба, доминантни со оглед на целокупниот впечаток на патиките на кои се наоѓаат“, наведуваат од тужената компанија, која е во сопственост на кинески државјани.
Адидас тврди дека уште во 2014 година добиле информации дека оваа компанија во Загреб продава спортски обувки со четири паралелни коси црти на бочните страни на обувките. Се обиделе да го решат спорот мирно, но немало разбирање.