Ваквото рекламирање им дава можност за контрола на огласувачите над своите пораки и геолокација.
Идејата за вакво огласување дојде од повеќегодишното искуство на компанијата „This Time“ од Осијек. Анте Панџиќ од оваа компанија вели дека новите технологии отвораат нови можности и канали за огласување, кои засега не се искористени. Како одличен простор за експериментирање се покажал јавниот превоз, поради големата дневна циркулација на луѓе.
„Одлучивме да стартуваме изработка на прототип систем кој користи геолоцирање на патниците во јавниот превоз и дава можност целно да им се пласира звучна (во подоцнежна фаза и видео) рекламна порака. Ваквиот систем на огласување отвара нови креативни можности за огласувачите и комуникација со потенцијалните купувачи кои се таргетираат според местото на живеење, работење или хоби“, објаснува Панџиќ.
Што се однесува до производот, станува збор за мал компјутерски модул со посебно изградени и интегрирани софтверски решенија кои комбинираат геолоцирање и звучно емитување пораки. Системот нуди можност за администрација на далечина со кој секој огласувач добива целосна контрола над времето и местото на објавата и содржината на пораката.
Панџиќ открива дека веќе преговараат со јавната транспортна компанија од Осијек за тестирање на оваа иницијатива за да се види нејзината економска исплатливост.
„Ние отвараме целосно нов огласувачки канал. Не постојат податоци според кои би можеле да го измериме потенцијалниот пазар и интересот на огласувачите. Затоа одиме во непознато, кое колку и да е неизвесно, уште повеќе е возбудливо“, заклучува Панџиќ.
Извор: Иновативност.мк