Подравка од Копривница, Хрватска, го купи словенечки Жито. Трансакцијата е вредна 33 милиони евра, јавуваат хрватските портали. Толку е платено за 51% од акциите на Жито, додека за целата компанија Подравка ќе плати вкупно 66 милиони евра.
“Ова е голем чекор за Подравка. Ова е најголема аквизиција што компанијата ја направила од 1993 година наваму. Сега се качуваме на речиси 600 милиони евра приходи и учествуваме во консолидацискиот процес во Адриа регионот. Сакаме да го зголемиме нашиот извоз и за три години да имаме најмалку 40% од приходите остварени надвор од Адриа регионот“, изјави претседателот на Управата на Подравка, Звонимир Мршиќ.
Подравка по преземањето на мнозинскиот дел од Жито ќе мора да објави и понуда за преземање на останатите акции по иста цена на акциите што е договорена со продажниот конзорзиум од Словенија.
Извор: Иновативност.мк