Наградите Red Dot се сметаат за едни од најпрестижните и најпосакувани награди во областа на креативниот дизајн кои се доделуваат веќе 65 години. Оваа година, хрватската агенција Bruketa&Zinić&Grey освои две нови, зголемувајќи го своето конто на вкупно 21 освоени Red Dot награди за дизајн низ годините.
Првата награда е доделена за кампања за Grand Park Hotel во Ровињ. Како дел од оваа кампања, наместо уште еден екран, во секоја од собите на хотелот биле оставени џебен бележник и полароиден фотоапарт, мотивирајќи ги гостите да го истражат Ровињ на еден „старомоден“ и секогаш индивидуално уникатен начин – вистински луксуз во денешницата.
Втората награда е доделена за пакувањето за виното Untouched by Light на винаријата Radgonske gorice. Се работи за првото пенливо вино во светот кое е произведено, се продава и се вкусува во целосен мрак, со цел да се заштити квалитетот на неговата арома.