Вкупните приходи на агенциите-членки на Хрватската асоцијација на компании за пазарна комуникација (HURA), кои застапуваат повеќе од 80 отсто од вкупните буџети за огласување во Хрватска, достигнаа речиси 307 милиони евра во 2022 година, што е зголемување за околу 3 отсто во споредба со 2021 година. Со растот на вкупните приходи за прв пат досега на повеќе од 300 милиони евра, комуникациските агенции ја потврдија својата значајна позиција на пазарот – се вели во анализата на HURA, која искористила јавно достапни податоци од базата на податоци на Дигиталната комора и Финансиската агенција на Хрватска (info.BIZ).
HURA е водечка професионална асоцијација во секторот за пазарни комуникации во Хрватска и здружува 61 агенција, меѓу кои се наоѓаат и некои од најдобрите и најнаградуваните агенции за комуникации на овие простори. По неизвесната прва пандемиска година и очекуваниот раст во 2021 година, резултатите за 2022 година укажуваат на стабилизација на пазарот во целина и на деловната сигурност на агенциските лидери во индустријата.
Комуникациските агенции се посакувани работодавачи
Особената посветеност на членките на HURA за време на пандемијата кон зачувување на работните места, а со тоа и кон квалитетот на работа, вродило со плод и, по растот од 2 отсто во втората година од пандемијата, во 2022 година е забележан раст на бројот на вработени од 7 проценти – достигинувајќи вкупна бројка од 1364 вработени.
„Нѐ радува зголемувањето на бројот на вработени во агенциите-членки на HURA, кои очигледно се посакувани работодавци кога во услови на сега веќе хроничен недостиг од вработени, особено од одредени професионални профили, успеваат да регрутираат нови колеги и колешки. Во тоа секако помага фактот што HURA особено негува постојани инвестиции во квалитетот и секоја година им овозможува на вработените членови бесплатен пристап до обуки на предавачи од целиот свет“ – објаснува Кристина Лацо, член на Управниот одбор на HURA и директорка на агенцијата Communications Office Colić, Laco & Partners.
Раст на приходите од странство
Со освојувањето на домашни и меѓународни професионални награди, како и покани за најпрестижните жирија на професионални натпревари како што се познатите Cannes Lions и Effie Worldwide, хрватските агенции докажуваат дека со квалитетот и креативноста на нивните услуги стануваат сè порелевантна точка на европската, но и глобалнате карта. Па така, во рамки на вкупните приходи пораснале и приходите од извоз, за околу 10 отсто во однос на 2021 година и достигнаа ниво од речиси 68 милиони евра фактурирани во странство.
„Горда сум на успесите и завидниот квалитет на работата на нашите членки, кои покажуваат дека Хрватска може да се пофали со експерти кои се на врвот во оваа област, а се барани и надвор од нашите граници – и одлично е да се види како нивниот квалитет ја предводи целата индустрија, која е во полн замав“ – истакнува Дуња Ивана Балон, долгогодишна извршна директорка на HURA. Тоа јасно го покажуваат и резултатите од истражувањето на здружението за дигитален маркетинг IAB Croatia, според кои хрватскиот пазар на онлајн огласување минатата година пораснал за 21 отсто, а се прогнозира и продолжување на овој нагорен тренд.
Со растот на HURA беше основано и здружение за дигитален маркетинг
За континуитетот на растот, покрај импресивните бројки што ги постигнуваат членовите на HURA од година во година и ги уриваат сопствените рекорди, укажува и фактот што бројот на агенции-членки на HURA е зголемен за неверојатни 45% – денес дури 61 агенции специјализирани за комуникации во креативниот, медиумскиот, ПР, организациониот или дигиталниот сегмент – и дека, благодарение на нивната иницијатива, хрватскиот пазар е побогат и со активностите на IAB Croatia, која минатата година беше основана како локална подружница на глобалната организација за дигитален маркетинг и во која веќе членуваат 92 компании од Хрватска.
HURA во бројки: 2022 година
61 агенции-членки
Вкупни приходи на членките на HURA: 306,5 милиони евра
Приходи од странство на членките на HURA: 68 милиони евра
Број на вработени во агенциите-членки на HURA: 1.364
Членството на HURA во моментов вклучува 61 агенција, а агенциите во своето портфолио на услуги нудат комуникациски консалтинг, огласување, медиумски закуп, односи со јавноста, дигитална комуникација и други активности поврзани со комуникацискиот менаџмент и креативната и комуникациската индустрија. Агенциите за пазарна комуникација со помош на бројните активности на HURA претставуваат значајна сила во подигнувањето на нивото на квалитет на пазарот и активно учествуваат во прилагодувањето на домашните и европските професионални стандарди, заштитата на професијата и унапредувањето на индустријата. Покрај тоа, HURA им нуди на своите членки пристап до ексклузивни содржини, активности, едукација, настани и финансиски заштеди. Повеќе информации се достапни на официјалната веб-страница на Асоцијацијата – www. hura.hr
Активностите на HURA можете да ги следите и на официјалните страници на Facebook и LinkedIn.