Httpool со задоволство го објавува ексклузивното продажно партнерство со LinkedIn во 17 земји од Централна и Источна Европа, вклучувајќи ги Русија, Грција, Унгарија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Словачка, Македонија, Романија, Србија, Албанија, Украина, Латвија, Естонија и Литванија. Маркетиншките и медиумските агенции сега можат преку соработката со тимовите на Httpool на овие пазари да почнат рекламирање на LinkedIn.
LinkedIn е најголемата професионална мрежа на интернет, со повеќе од 384 милиони корисници ширум светот во повеќе од 200 земји и територии со постојан раст на бројот на корисници во Централна и Источна Европа. Како за пример, LinkedIn има повеќе од 5 милиони корисници во Русија. Платформата е достапна на 24 јазици вклучувајќи чешки, романски и руски јазик.
Фредрик Бернсел, директор на продажба во ЕМЕА изјави: „Сакавме да ги прошириме нашите услуги за рекламните агенции во регионот, така што тие ќе можат да ја искористат широката мрежа на професионалци низ пазарите во ЦИЕ. Го избравме Httpool како наш ексклузивен партнер поради силното географско присуство на сите овие пазари и важните референци на компанијата“.
„Ние сме возбудени поради можноста да работиме со LinkedIn, бидејќи истиот совршено се вклопува во портфолиото на производи на Httpool. Всушност, рекламните производи на LinkedIn ќе им овозможат на компаниите во регионот можност за раст на нивните бизниси, користејќи ја ексклузивната мрежа на врвни професионалци, напредни опции за таргетирање и формати за рекламирање“, објасни основачот и извршен директор на Httpool Аљоша Јенко.