Луксузната модна компанија Hugo Boss истовремено го објави ребрендирањето на своите два основни под-брендови – “Hugo” и “Boss”, сегментирајќи ги за две различни возрасни демографии.
Имено, под-брендот “Hugo” ќе биде насочен кон потрошувачите од генерацијата Z, односно лицата под 25 години, додека пак основниот под-бренд “Boss” ќе биде насочен кон милениумската генерација, односно лицата помеѓу 25 и 40 години.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Притоа, компанијата одлучи дека главниот онлајн комуникациски канал за под-брендот “Hugo” ќе биде TikTok, додека пак а под-брендот “Boss” – тоа ќе биде Instagram.
Истовремено, компанијата планира да ги адаптира цените на под-брендот “Hugo”, со цел тие да бидат поприфатливи за младите луѓе.
И двата под-брендови добија обновени логотипови за „повлијателно визуелно искуство“, напуштајќи го класичниот изглед во serif фонт (со заострени краеви на буквите).
Ова е првата промена во логотипот на “Boss” после речиси 50 години, додека пак под-брендот “Hugo” за истото требаше да чека скоро 30 години.
Драматичната трансформација доаѓа по назначувањето на Даниел Грајдер за генерален извршен директор на Hugo Boss во јуни минатата година. Грајдер претходно поминал две децении во конкурентот Tommy Hilfiger.
„Наследството е супер и јас сфатив дека потенцијалот на овој бренд е огромен, но мора да му дадеме нова рамка“ – посочи Грајдер во однос на ребрендирањето на Hugo Boss.