Данскиот бренд на играчки LEGO лансираше нов комплет инспириран од „Господарот на прстените“, рекреирајќи ја кулата на „мрачниот господар“ Саурон.
Со цел промоција на комплетот, брендот објави хумористичен рекламен спот насочен кон возрасните љубители на LEGO. Спотот започнува со сцена во која една жена влегува во домот и забележува мала црна коцка. При допир, таа добива визии од нејзиниот сопруг како го составува новиот комплет лего-коцки.
Жената продолжува да ги пребарува собите во домот и конечно наидува во собата каде сопругот драматично се соживува со Саурон. Нејзиниот првичен израз на разочараност набргу се претвора во насмевка и таа се придружува во составувањето на Сауроновата кула од лего-коцки.
Објавувањето на комплетот и спотот од LEGO коинцидира со објавувањето на видео-трејлерот за новата сезона од серијата “Rings of Power”, инспирирана од светот на „Господарот на прстените“.
View this post on Instagram