Ова видео наречено “најзабавното видео за регрутирање во полицијата од било кога“ е насочено кон широк распон на жители на Нов Зеланд и вклучува повеќе од 70 вистински полицајци
Полицијата во Нов Зеланд започна кампања за регрутирање на нови полициски службеници, каква што сеуште не е видена, па затоа е насловена „најзабавното видео за регрутирање во полицијата од било кога“.
Спотот донесува необична смисла за хумор по којшто е карактеристична оваа земја, во обид да поттикне што повеќе луѓе да и` се придружат на полицијата во „најсигурната земја на светот“.
Кампањата е насочена кон широк распон на жители во Нов Зеланд, и вклучува повеќе од 70 вистински полициски службеници, вклучувајќи го и полицискиот комесар Мајк Буш, но и полицискиот оркестар, полициските кучиња, мачки и хеликоптери.
Кампањата ја направи агенцијата Ogilvy & Mather од Нов Зеланд, а го режираше Дамјан Шатфорд од The Sweet Shop.