Со цел подигнување на јавната свест за проверка на неофицијалните информации во врска со вакцините против Ковид-19, американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) објави нова кампања под насловот “Know-It-Alls”, односно “Сезнајковци”.
Хумористичната кампања зборува за тоа дека сите познаваме луѓе кои мислат дека се експерти за сè, од финансии и механика, па до медицина – и воопшто не се воздржуваат да го споделат своето “знаење” и “мудрост” со сите.
Но, иако во многу случаи ваквото однесување е бенигно, кога е во прашање здравјето и ковид-вакцините, кампањата ги охрабрува луѓето да не ги земаат “здраво за готово” информациите кои ги добиваат од неофицијални извори. Според CDC, дури и “Сезнајковците” треба да бидат двојно проверени дека нивните информации се точни, пред да ги применувате или продолжите да ги споделувате.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Upstreamers и продукциското студио Parana Films.