Во пресрет на Европското фудбалско првенство, ирскиот бренд на спортски обложувалници Paddy Power лансираше хуморстична кампања за нивните соседи Англичаните, нарекувајќи ги “Europe’s Favourites” („Омилените на Европа“).
Во централниот спот на кампањата гледаме луѓе од различни европски земји кои на саркастичен начин раскажуваат зошто ги сакаат Англичаните, проткаено со сцени во кои англиските навивачи го прават токму спротивното. Крајот завршува со општа смеа на сметка на „Островјаните“. :)
Главна ѕвезда на кампањата е англискиот актер Дени Даер, кој своевремено стана познат по играни филмови и документарни серијали кои ја обработуваа темата на навивачкиот хулиганизам. За среќа, во спотот не гледаме насилни сцени, туку само добар британски хумор. ;)
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција BBH.