Туристичкото биро на Виена објави сосем необична реклама насловена “The last place you want to be” („Последното место каде што сакаш да бидеш“), во која главната улога ја толкува анимирана мајска мушичка – инсект кој во зрелиот стадиум на животот опстојува само 24 часа.
Како што можете да претпоставите, рекламата се осврнува на идејата дека не постои други место на светот каде што мајската мушичка би била посреќна да го помине своето единствено деноноќие освен во Виена.
Во забавниот видеоспот, го следиме летот на анимираната мушичка од нејзина перспектива додека лета наоколу и се трка со времето за да ги „впие“ сите искуства и културни знаменитости што ги нуди австрискиот главен град, притоа обидувајќи се да ги избегне ударите на сите кои се обидуваат да ѝ го скратат и онака краткиот живот.
Рекламата е создадена во соработка со креативната агенција Jung von Matt.