LinkedIn ја лансираше новата глобална бренд-кампања „The Network That Works for You“, реализирана во соработка со агенцијата McCann. Кампањата користи хумор за да ги прикаже секојдневните реалности на работното место, вклучувајќи ги и непријатните и незгодни моменти што многу професионалци добро ги препознаваат.
Пласирана преку видео-содржини и социјалните мрежи, кампањата ја гради својата порака врз јасни и духовити контрасти. Така, тврдења од типот „LinkedIn не може да го направи вашиот шеф полесен за соработка“ се надополнуваат со суштинската поента дека платформата, сепак, може да ве поврзе со вашата следна професионална можност.
Во рамки на кампањата се промовира и LinkedIn Hiring Pro како алатка што им помага на компаниите да ги пронајдат вистинските кандидати, дури и ако не може да ја ублажи непријатноста на првиот заеднички ручек.
Брит Нолан, генерален креативен директор на McCann за Северна Америка, истакна дека кампањата свесно ја прифаќа искреноста и не се обидува да ја разубави реалноста. Според него, признавањето на вистинските предизвици со кои се соочуваат луѓето е ефикасен начин за градење доверба.
Хедер Хопкинс Фриланд, генералена бренд директорка во LinkedIn, додаде дека целта на кампањата е да покаже разбирање за сложеноста на професионалниот живот. Преку хумор, LinkedIn сака да ги прикаже автентичните работни моменти и да покаже дека е поддршка токму тогаш кога тоа е најпотребно.











