(РЕГИОН) – Хрватското здружение за односи со јавноста ( ХУОЈ) ја објави листата на членови на жири-комисијата која ќе одлучи за добитниците на регионалните ПР Grand Prix награди.
Жирито ќе одлучува во шест категории:
- Гранд При за односи со јавност во институции, здруженија и невладини организации.
- Гранд При за односи со јавност во големи трговски друштва
- Гранд При за односи со јавност во мали и средни трговски друштва
- Гранд При за одговорно однесување во заедницата
- Гранд При за внатшрешна комуникација
- Гранд При за кризна комуникација
Регионалното жири го сочинуваат по три претставници од државите од кои може да се пријават проекти, а тоа се Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина.
Од Хрватска членови ќе бидат: Нина Ишек Меѓугорац (Медиа Вал), Ана-Ткалац Верчиќ (Економски Факултет во Загреб) и Јерко Трогрлиќ (Вајт).
Од Србија членови на жирито ќе бидат: Душан Стојаковиќ (Хемофарм), Борислав Миљановиќ (Репрезент) и Милица Слијепчевиќ (Дунав осигурување).
Од Словенија: Тина Чипот (Лидл), Блаж Ференц (А1 Словенија) и Себастијан Шик (Лука Копер).
Од БиХ, претставници ќе бидат Уна Бејтовиќ (Бејтовиќ Комуникации), Селма Карасалиховиќ (Конзум) и Санела Туновиќ-Бечировиќ (Рена-а-ПР Консалтинг).