(РЕГИОН) – Хрватското здружение за односи со јавност (ХУОЈ) и Хрватското новинарско друштво (ХНД) јавно го објавија својот цврст став дека ангажманот на комуникациските советници во претстојната изборна кампања мора да биде транспарентен.
Клучна одредница на таа транспарентност е на јавноста да и бидат достапни податоците за тоа за која партија, политичар или независен кандидат работи определена ПР агенција или комуникациски советник. Јавното искажување на ангажманот во предизборната кампања е од пресудна важност кога комуникациските консултанти настапуваат во медиумите како аналитичари на политичките и комуникациските настани и процеси. Медиските настапи при кои се соопштува учеството во политичката изборна кампања, се целосно прифатливи.
Ангажманот во политичката кампања не е причина комуникациските стручњаци да не настапуваат како медиски соговорници, но нивниот ангажман при тоа мора да биде јасно искажан. Единствено така улогите и интересите ќе бидат транспарентни, смеатаат ХУОЈ и ХНД.
Поради тоа, ХУОЈ ги повикува сите стручњаци за односи со јавност кои се ангажирани од страна на политичарите и партиите јавно да ги објават информациите за нивниот ангажман преку медиумите и да објават референца на сопствените веб страници. Јавната отчетност за ангажманот е подеднакво важна за самосталните комуникациски стручњаци, за вработените во агенциите за односи со јавност и за стручњаците кои учествуваат во про-боно ангажманите.
Хрватското новинарско друштво ги повикува новинарите да од комуникациските стручњаци кои ги интерјуираат побараат да наведат во чија изборна кампања се ангажирани. НХД исто така од уредниците очекува овие податоци да бидат објаввени.
НХД и ХУОЈ ги повикуваат медиумите, а посебно јавната телевизија, да донесат уредувачка политика која на транспарентен начин, помеѓу останатите, ќе ги дефинира односите помеѓу стручњаците за односи со јавност и новинарите, уредниците и редакцијата, како и да пропишат критериуми за учество во емисиите.