(РЕГИОН) – Хрватското здружение за односи со јавноста (ХУОЈ) на 11 и 12 јуни во Опатија ќе ја организира 16-тата по ред стручна конференција.
И оваа година конференцијата ќе угости странски предавачи а меѓу другите и Anne Gregory, претседателката на здружението Global Alliance of Public Relations and Communication Management, Karen Sanders, Association of Political Communication и Jesper Falkheimer, професот за стратешко комуницирање и ректор на шведскиот Универзитет во Лунд.
Праграмата ќе опфати и пет панели на актуелни теми како: “The name of the game“ – Односите со јавноста во спортот, “We do/don´t need (no) education“ – образованието во односите со јавноста, “Made in Croatia“ – успешни хрватски приказни, “Вистинскиот пат vs. Подобра Хрватска“ – политичката комуникација за време на Претседателските избори и “Јавно заговарање“ – СОС за Јадран.
Раните пријави се отворени до 3-ти Мај. Повеќе информации можете да погледнете на сајтот на ХУОЈ.