Потписниците на Меморандумот би требало да го ограничат огласувањето на интернет страните или мобилните апликациите кои ги кршат авторските права.
Хрватското здружение на компании за деловно комуницирање (ХУРА) потпиша Меморандум за разбирање “Follow the Money”, чиј цел е минимизирање на пласманот на огласување на веб сајтовите и мобилните апликации кои ги кршат авторските права, учествуваат во ширење на лажни вести и или продаваат фалсификувана роба.
Дуња Ивана Балон, извршната директорка на ХУРА, по овој повод изјави: “Нам како на професионално здружение ни е исклучително важно да бидеме дел од меѓународните иницијативи со кои се промовираат добрите и одговорни пракси меѓу агенциите и огласувачите.Почитувањето на авторските права е од исклучително значење за сите агенции кои се бават со деловно комуницирање. Сметаме дека охрабрувањето на одговорните пракси за огласување може да помогне во зголемување на степенот на доверба на корисниците и да го подобри имиџот на брендовите како општествено одговорни“
Потписниците на Меморандумот ќе се залагаат, врз база на своите политики и критериуми за процена, за редукција на огласувањето на веб сајтовите или мобилните апликации кои немаат легитимна употреба и за кои огласувачите имаат разумно достапни докази дека тие веб сајтови и апликации ги кршат авторските права или шират лажни вести.
Меморандумот е потпишан во присуство на потпретседателот на Европската комисија Андрус Ансип а воедно го подржа и Европското здружение на агенции за деловно комуницирање (EACA) чиј активен член е и ХУРА, заедно со останатите потписници на Меморандумот меѓу кои се и Google, Светската Федерација на Огласувачи (WFA), DoubleVerify, Trustworthy Accountability Group, IAB Europe и др.