(РЕГИОН) – Хрватското здружение за деловно комуницирање (HURA) кое како стручна организација веќе 20 години делува во интересот на гранката деловно комуницирање во стопанството, а вклучувајќи ги и медиумите и бројни други стопански субјекти кои овозможуваат поддршка или директно се занимаваат со пазарно комуницирање, во текот на вчерашниот ден испрати писмо за благодарност кон Националниот центар за цивилна заштита и бројните локални центри. HURA во своето писмо ја нагласува подршката за продолжување на сите комерцијални и стопански активности во Хрватска.
Како заедница на “комуникаторите”, HURA, во писмото се осврнува и на високиот квалитет, транспарентност и правовременост на Центарот при известувањето за сите релевантни факти, при што силно ја поздравува нивната работа за зачувувањето на здравјето на граѓаните на Република Хрватска во борбата против ширењето на коронавирусот.
Од HURA порачуваат дека во овој момент е потребно да се направи сѐ што е можно, огласувањето општо и онлајн продажбата, како и другите алтернативни канали на продажба да се одржат во максимално можно ниво во текот на овие вонредни и неизвесни околности.
Животот на граѓаните на Хрватска не смеат да застанат иако во моментов се одвиваат во особено отежнати околности. Во писмото до Центарот, од HURA нагласуваат, дека покрај основните прехрамбени и хигиенски продукти и лекови, кои на сите им требаат секојдневно и чија залиха е осигурана во овие околности, поради неодамнешниот земјотрес голем број на граѓани имаат и други итни потреби кои се однесуваат на основните домашни апарати и телевизиски приемници како би ги следеле препораките и мерките на Центарот или би се прилагодиле на онлајн и ТВ наставата. Исто така многу важно, според HURA, е на граѓаните да им се намалат чуствата на осаменост и изолираност – заради одржување на менталното здравје во рамки како не би се нарушила сигурноста на другите.
Стопанските активности на индустријата за деловни комуникации и сите поврзани професии сега исто така, не смееат да запрат, бидејќи само на тој начин ќе се оддржат работните места во целиот ланец – од произведувачите односно огласувачите, преку агенциите, до медиумите, чија стабилност е исто така многу важна во овој момент.
Затоа, од HURA се заблагодаруваат на Центарот за јасно изразената подршка за продолжување на сите можни стопански активности и истовремено ги повикуваат сите кои учествуваат во индустријата за деловни комуникации одговорно да се однесуваат и да продолжат со своите деловни активности во највисока можна мера, во склад со сите препораки!