После AdAge, и специјализираниот магазин и портал AdWeek ја прогласи UM за Глобална медиска агенција на годината. Со постојаното унапредување на постоечките услуги кои агенцијата UM секојдневно им ги нуди на своите клиенти, како и развојот на нови, пред се во областа на дигиталните услуги и содржини, економетријата, медиа планирањето и медиа закупот, UM успеа да одржи водечка позиција меѓу медиските агенции.
За успехот на UM допринесоа и питчевите за Coca-Colu, BMW и Johnson & Johnson кои оваа агенциска мрежа ги доби изминатата година, особено за J&J кои оваа агенција ги доби посебно за секој од регионите на кои дејствува. Исто така, покрај глобалната соработка со J&J, UM повторно победи на питчот за Coca-Cola во Северна и Централна Америка, Хонг Конг и Австралија, а во тесна конкуренција го доби и BMW во Јапонија. Новите алатки и освежен пристап, во комбинација со постоечките алатки, знаење и искуство, како и развивањето на нови услуги, допринесоа агенциската мрежа UM изминатата година да победи на 8 големи питчеви во Северна Америка, 40 во Европа, на Блискиот исток и Африка, 64 во Азиско-пацифичкиот регион и 14 во Централна и Јужна Америка. Сето тоа влијаеше приходот на UM во изминатата година да биде зголемен за 15 %.
„Сите сме возбудени кога ќе победиме на некој питч како агенција. Едноставно се осеќа „хемија“ меѓу нас “ истакна Дерил Ли, глобален извршен директор во UM и додава: „она што е единствено за UM е дека навистина сакаме да работиме заедно и тоа се осеќа во секоја од нашите UM агенции, било каде во светот. Секогаш сме тука да си помогнеме едни на други. Бидејќи победата на кој било питч, на било кој пазар на кој делуваме е победа за сите нас,на цела UM глобална мрежа.“
За глобалниот успех допринесоа и UM агенциите кои работат во југоисточна Европа во рамките на I&F McCann Grupа.
„Пристапот до најновите алатки кои ги развива нашата мрежа , нивната брза имплементација на пазарите на кои делуваме, низ континуирано вложување и едукација на вработените, како и можноста на нашите партнери да им овозможиме најдобро интегриран тим на талентирани професионалци е нешто што ја одликува агенцијата UM во рамките на I&F McCann Групата“ вели Билјана Колаковиќ, регионален директор на Universal Media и додава: „сето тоа придонесе годините наназад да сме меѓу најуспешните агенции на пазарите на кои делуваме“.
За тоа сигурно допринесе и јасната стратегија на UM: „Подобра наука, подобра уметност, подобри резултати“. Ова „подобро“ на агенцијата UM е пласирано во настојувањето потрошувашите да се таргетираат во вистинско време и на вистинското место и тоа да биде направено со содржина која нив им е релевантна. За таа цел осмислена е алатката Business Analytics Engine (BAE). Имено, BAE ги комбинира и анализира различните мерења и добиените податоци.
„Кога ќе ги споите науката и уметноста, се случува нешто навистина моќно“ вели Кеша Кејси, претседател на американската UM студија и додава: „ова решение е единствено на два начини. Првенствено, ни овозможува да ги правиме нашите планови онаму каде што тоа им е навистина значајно за огласувачите, а тоа се продажбата и бренд перцепцијата. Второ, ни овозможува да гледаме многу подалеку, не само да правиме евалуација што се случило, туку и да ги предвидиме случувањата во иднина“.
Светската агенциска мрежа UM има преку 4.800 вработени во 151 агенции кои работат во 127 земји. Во Југоисточна Европа агенциите UM во Белград, Загреб, Скопје, Сараево, Љубљана и Софија работат во рамките на I&F McCann Група.