БиХ стана најновата во низа земја од регионот која има можност да каже дека е горд сопственик на најценетите креативни награди во светот – “лавчињата“ кои се доделуваат на најпознатиот светски фестивал на креативноста Cannes Lions, благодарение на вчерашниот успех на проектот „One book for peace“ на агенцијата New Moment .
Проектот ‘The One’ е креиран како здружен проект помеѓу New Moment и Y&R Dubai, за Интер-религинскиот Совет во Босна и Херцеговина, кој има мисија да ја зголеми свесноста и да ги намали предрасудите во интер-религискиот дијалог.
На овогодинешниот Cannes Lions, проектот освои три лава, во категориите Promo & activation (сребро). Print And Publishing (бронза) и PR (бронза).
„One book for peace“ (Една книга за мирот) ги собира учењата од светите книги – Библијата и Куранот и покажува колку компаративно слични се пораките од двете религии. Преку прикажување на сличностите на двете религии, целта на книгата е да го поттикне интер-религискиот дијалог и дискусија помеѓу обичните луѓе.
Книгата презентира 10 стихови од Библијата и исто толку и од Куранот на основа на 10 универзални тематики кои се блиски за сите луѓе во светот: еден Господ, мир, љубов, семејство и соседи, живот, сочувство, прошка, помагање на другите и надеж.
Книгата е подготвена од искусниот новинар Мирнес Ковач, со помош на два теолози од двете религии Мухамед Фазловиќ (Ислам) и Павле Мијовиќ (Христијанство). Теолозите од двете религии избрале стихови и извадоци од светите книги кои сакаат да им ги прикажат на луѓето од другите религии.
Книгата својата премиера ја доживеа на Al Jazeera каналот и ќе им биде испратена на највлијателните лидери во светот како: папата Францис, Доналд Трамп, Владимир Путин, Ангела Меркел и многу други светски лидери. За да биде достапна до поголем број на луѓе ширум светот, книгата има своја онлајн и аудио верзија.
Симнете ја или прочитајте ја книгата на onebookforpeace.org.