Автор: Маја Величкова, “Специјалист за подароци“, www.WOWBox.mk
Секој од нас со својата надворешност, со постапките и однесувањето и со она што го споделува во разговор, кај другите предизвикува впечатоци и чувства. Во идеален свет сите би сакале да комуницираме убави пораки и на тој начин да шириме убава енергија. Во деловната комуникација е уште поизразена потребата од градење и одржување позитивен бренд имиџ, каде маркетерите настојуваат да создадат емотивна врска на производот и неговите потрошувачи. Така и ние, сакаме да сме омилено лице кое другите ќе го поздравуваат со широка насмевка.
Подарокот е дамнешен начин на експресија со кој пренесуваме порака, пренесуваме чувства и градиме релација. Со подарокот ги покажуваме нашите зборови. Подарокот зборува за нас и зборува од нас. Подарокот е одраз на нашата личност и комуникатор на нашиот имиџ. Вештите и харизматични комуникатори ја знаат моќта на внимателно избраниот подарок. Дури и со предмет со симболична вредност кај примателот, тие се способни да предизвикаат чувства на уваженост, почитуваност и задоволство. Така градат доверба во својата личност и професионален капацитет. И како што пишува Маја Ангелоу: „Луѓето ќе заборават што сте кажале, луѓето ќе заборават што сте направиле, но луѓето нема да заборават како сте направиле да се чувствуваат.“
Давањето и подарувањето носи среќа и според истражувањата, повеќе за оној кој подарува. Споделувањето во сите негови појавни формати предизвикува среќа. Дури и малите деца, по „себичната“ фаза, доаѓаат до овој а-ха (или ха-ха) момент. Да се навратиме кон нашата потреба да бидеме прифатени и сакани. Повеќето од нас се свесни дека „убавото“ со „убаво“ се враќа. Подарокот кој некому го посветуваме е влог во нашиот однос, е гест со кој го изразуваме значењето на таа личност во нашиот живот. Изборот на подарок е секогаш одраз на личноста на која и подаруваме, но и одраз на нашата личност и нашиот став кон взаемниот однос. Свесноста дека давањето носи среќа и „гради мостови“ треба да ни е лајт мотив кој ќе не заштити на некој начин од очекувањето реципроцитет од давањето. Давањето без очекувања е она кое ја носи вистинската среќа. Сé друго е размена, трампа. Давањето со обмисленост е она кое предизвикува воодушевување. Секое друго давање „заради редот“ ќе биде препознаено како такво и во дијаграмот на чувства ќе ја помести линијата надолу. Имиџот на личност која знае како да ги прави другите среќни е моќна комуникациска придобивка која ја имаат ретки а таа им ги „отвора сите врати“.
Во интернет просторот има безброј продавници кои нудат подароци и сега, повеќе од кога и да било, е супер лесно да го најдете токму оној подарок што сте го замислиле. Сега е лесно да испратите подарок некому во Лондон и за тоа го имате Happy Box London, да изненадите некого со необичен подарок од Uncommon Goods, да подарите некому персонализиран подарок од Personal Creations или персонализиран парфем од Waft, да подарите некому патување или друго доживување од Virgin Experience Days или да изберете општествено одговорен рачно изработен подарок и да ги помогнете програмите за спасување детски животи на UNICEF.
Неодамна, јас и мојот тим ја лансиравме и македонската продавница од овој тип – WOW Box (http://www.wowbox.mk/), која нуди концептуални подарок сетови за „лесен избор“. Нашата цел е клиентите да се чувствуваат што побезгрижно купувајќи целосен концепт. Во таа смисла ги креиравме нашите WOW „боксови“. Сите тие се „избор на тема“. На пример, ако пријателот на кого сакате да му испратите подарок сака пиво, Beer Box со книгата World Beer како опсежна енциклопедија за пиво и сегмент за крафт пива со насоки за правење сопствено крафт пиво и додатокот Johnson Johnson отворач за шишиња пиво, кој ги складира капачињата и има фенси дизајн, ќе биде воодушевувачки и што е најважно, вистински избор. За љубители на чоколада има чоколадни боксови, за љубители на чај чајни – боксови. За сите има парфем боксови и бук боксови. Специфичноста е концептот со кој настојуваме да внесеме креативност, иновативност а со арт концептот – уметност за импресија во секој детаљ. Соработката со Жани Гелевска Велјаноска на WOW Box му дава уште една додадена вредност – картичките за честитање кои купувачот ги персонализира со лична порака.
Нова работа која сакавме да ја понудиме е и персонализираниот шопинг на подарок и сервис за корпоративни подароци. Може да најдете подарок каков и да посакате: фустан, часовник, ташна, билети за концерт, патување, музички инструмент, домашно милениче… Сѐ за Вие да не губите време од вашите дневни работи, правејќи нешто во кое тие уживаат. Треба само да ги пренесете вашите желби и ќе ви помогнеме некого да направите среќен и да ја „подарите“ вашата љубов.
Автор: Маја Величкова,Специјалист за подароци, www.WOWBox.mk