Иако „Фејсбук“ ги отстрани рекламите против вакцинирање пред извесно време, некои промоции сè уште се провлекуваат, па на пример, компанијата „Earthley“, која се занимава со алтернативна медицина, своите реклами против вакцини успешно ги промовира и на Фејсбук и на Инстаграм.
Иако експертите одамна се изјаснија за безбедноста на вакцините, контроверзите сепак продолжуваат поради одредени антиваксери кои тврдат дека вакцините се небезбедни. Иако рекламите со ваков вид содржина ги кршат правилата на Фејсбук, а со тоа шират и дезинформации, сè уште постојат реклами од овој вид, а лажните вести за вакцините се промовираат и во јавни групи и профили.
Фејсбук се изјасни по повод овај проблем и нагласи дека нема прекршувања во политиката, иако рекламите се сè уште активни. Не објасни зошто таквата содржина се верува дека е прифатлива, па останува да се види колку поддршка ќе добие овој вид дезинформации во наредниот период.