Неодамна Фејсбук реши да го забрани рекламирање на криптовалути и содржини поврзани со криптовалутите, а наскоро кон оваа одлука се придружи и Гугл. Денес пак, медиумите јавуваат дека за ваква забрана размислуваат и од социјалната мрежа Твитер.
Како што пренесува Sky, забраната најверојатно ќе стапи во сила во текот на следниве две недели. Забраната најверојатно ќе вклучува и забрана на реклами за крипто-размени со минимални исклучоци.
Причината за забраната експертите ја гледаат како логична после забраната на криптовалутите и од Фејсбук и Гугл, па и Твитер не сака да се изложува на ризик, ниту пак да ги изложи на ризик своите корисници.
Многу од ICO (initial coin offering) и продажба на токени имаат несигурна иднина, а финансиските регулатори ги сметаат како пирамидални измами. Големите компании велат дека почнале да ги штитат своите корисници се додека криптo пазарoт не стане подобро организиран, но експертите бараат воведување на соодветни легислативи бидејќи пазарот воопшто не е регулиран.