(РЕГИОН) – Пазарот на банкарските услуги во Србија од година во година се повеќе се развива. Во прилично динамичната индустриска гранка каде има голема конкуренција, предизвик е да се комуницира услуга која ќе привлече нови корисници. Задачата е уште по-предизвикувачка кога се работи за Raiffeisen банка, која привлече огромно внимание со кампањата „Може“ и нејзиното продолжение „Навистина можеме“, која ја осмисли и реализира агенцијата McCann Белград.
Креативците на McCann Белград се соочија со токму тој предизивик кога добија задача да осмислат кампања за кеш кредит кој ги подразбира ,освен самите бенефити на оваа услуга, и релативно ниските месечни рати од 5 илјади динари за сума од 250 илјади динари. Беше потребно да се креира кампања која ќе заинтересира и привлече нови корисници. Конкуренцијата веќе имаше реализирано огласувачка кампања за својата понуда, што го наведе креативниот тим на агенцијата, комуникацијата за овој проект да ја помести во помалку неочекувана насока.
Истражувањата покажале дека на корисниците на банкарските кредити најважна им е висината на месечните рати. Користењето на познатите народни изреки и самото сознание дека повеќепати повторената информација ја подига свеста на луѓето, ги инспирира креативниот тим во комуникацијата толку пати да се повтори износот на ратата, па дури и „врапчињата на гранките да знаат“ СЕ за новиот Raiffeisen кеш кредит.
„После огромниот успех кој го имаа кампањите „Може“ и „Навистина можеме“, се соочивме со предизвик како да осмислиме кампања која на потрошувачите ќе им биде интересна, духовита, а повторно поинаква од претходните кампањи. Идејата да креираме два врапци кои на иновативен начин ќе комуницираат една банкарска услуга, се покажа како одлична. Ни беше вистинско задоволство да работиме со Љупче и Буцо (имињата на врапчињата).Нивниот жив дух и разиграна фантазија, беа вистинска инспирација… а нивната улога во промовирањето на кедитот, забележана и незаборавна“ истакна Дубравка Петровиќ, Аssociate Creative Director на агенцијата McCann Белград, која заедно со колегите од креативниот тим работеше на креирањето и реализацијата на новата кампања на за Raiffeizen банка.
Понудата се комуницира со динамичен и брз дијалог помеѓу две врапчиња. Врапчињата, сега веќе популарни како Љупче и Буцо, сместени во различни околности и прилики, на прозорец, во салон за мебел или во жардињери пред туристичка агенција, иновативно и духовито разговараат и фантазираат како тие би ги потрошиле парите од кредитот, за журки со ластовичките, на забава на базен, или ставање нови перја да бидат како пауни…
Нивните карактери се различни, едното врапче е полничко и инертно, другото младо и полетно…нешто што ги одразува и ставовите додека ги комуницираат сите бенефити и своите планови преку повеќе канали на комуникација TVC, OOH, принт…Секако неизоставен дел е и користењето на препознатливното “Може“ во нивната комуникација. Отворена е и Фејсбук страница (ЛИНК) каде се коментира врапчешкиот “урбан живот“, планови, идеи…
Погледнете ги и ТВ рекламите во продолжение: