Од минатата недела, Бугарија има ново поле за натпревар на најдобрите креативци. Ако ФАРА е местото каде маркетинг агенциите ги мерат ‘мускулите’ во креативност, а Effie – местото каде што се докажуваат резултатите и ефективноста, IAB Mixx Awards ќе биде местото за достигнувањата во интерактивниот и дигитален маркетинг, како за агенциите, така и за огласувачите. Тоа е престижен меѓународен фестивал кој се организира од бугарскиот ‘клон’ на IAB (Interactive Advertising Bureau), а првото издание го имаше во четвртокот, 12 ноември.
“IAB Mixx Awards е натпревар за digital, само за digital”, изјави накратко Жастин Томс, менаџер за бизнис развој во ABC Design & Communication Group и дел од жирито на натпреварот. “Форматот е утврден и представен на многу места во светот, каде што дигиталната индустрија е добро развиена”, дополна таа. Според неа, спроведувањето на настанот на бугарскиот пазар означува дека дигиталната индустрија во Бугарија се развива динамично и е на ниво.
Освен Жастин Томс, во жирито членуваат и регионалниот менаџер на Critman за Блаканот Емил Олованов, менаџерот на Портфолио и Нет Инфо Александар Варов, креативниот директор на Oglivy Sofia Илија Јаков, управниот директор на NEXT-DC Марија Тодорова, извршниот директор на онлајн адвертјазинг мрежата Httpool Венцислав Костов и менаџерот за дигитален маркетинг во Mtel Георги Малчев. Од IAB Бугарија посoчуваат дека членовите на жирито се избрани по принципот на авторитет и искуство и дека ќе се менуваат секоја година од управниот совет на организацијата.
Жирито ги избира најдобрите кампањи во седум категории, во согласност со спецификите на бугарскиот пазар – директна интерактивна кампања, брендирана содржина, интеграција меѓу различни видови медиуми и платформи, интерактивна видео кампања, мобилна кампања, кампања на социјалните мрежи и иновативни и експериментални кампањи, кои не подлежат на категоризација. Особеност на IAB Mixx Awards е дека секој член на жирито одговара на една од седумте категории во програмата на фестивалот.
“Кога почнувавме, не’ предупредија дека едвај дали ќе собереме повеќе од 20 кампањи за таков профилиран натпревар, и тоа за првото издание”, рече Емил Илиев, извршен директор на IAB Бугарија. Во фестивалот се вклучија 17 компании со вкупно 43 кампањи, примени за еден месец. “Ако имавме повеќе време, сигурен сум дека ќе ги удвоевме кандидатите”, дополнува Илиев. Најголем интерес кај гласувачите и агенциите имаше за категоријата “Брендирани содржини”, а најмал за “Мобилни кампањи”. Таму златната награда беше доделена на единствената пријава во категоријата – мобилната апликација за здрав живот “Здрави” на агенцијата ВОКС-1 за Софарма.
Најнаградуваниот проект е поднесен од огласувачот Pernod Ricard Bulgaria – кампањата “Stay True People” ги освои првите места во категориите “Интеграција во различни медиуми и платформи”, “Интерактивна видео кампања” и “Кампања на социјалните мрежи”. Таа е насочена кон младите луѓе и ги раскажува приказните на неколку претставници на генерацијата Y (родени меѓу 1985 и 2000 година). Првите места во категориите “Директна интерактивна кампања” и “експериментална кампања” беа доделни, соодветно, за кампањата за потрошувачки кредити на Mediacom за UniCredit BulBank и Museum of Less Ordinary на Next-DC, реализирана за Vodka Finlandia.
Во категоријата, во која се наградуваат најиновативните кампања, големата награда беше доделена за “Вело Линия” на Next-DC, реализирана за LIDL, која вклучува интерактивна инсталација за снимање на екстрим-бајк спуст на планината Витоша. Сите победници во седумте категории, освен добиените први награди, имаат можност за бесплатно учество на меѓународните изданија на наградите – глобалното во Њу Јорк, како и IAB Mixx Awards Europe.
Победници на IAB Mixx Awards
Категорија “Direct Response and Lead Generation”
1 место: “Consumer Loans”, агенција: Mediacom, клиент: UniCredit Bulbank
2 место: “Планирай смело”, клиент: “БНП Париба Лични Финанси”
3 место. WWF #ZaVitosha, агенција: Медияпост Хит Мейл България, клиент: WWF
Категорија “Branded Content”
1 место: “Museum of Less Ordinary”, агенција: Next-DC, клиент: Vodka Finlandia
2 место: “Вело Линия”, агенција: Next-DC, клиент: LIDL
3 место: “Stay True People”, клиент: Ballantine’s (Pernod Ricard Bulgaria)
Категорија “Cross Media Integration”
1 место: “Stay True People”, клиент: Ballantine’s (Pernod Ricard Bulgaria)
2 место: “Bushmills Brothers on Tour”, агенција: Knoway, клиент: Bushmills Irish Whiskey
3 место: “Explore Bulgaria”, клиент: National Geographic Channel (Fox International Channels)
Категорија “Interactive Video Campaign”
1 место: “Stay True People”, клиент: Ballantine’s (Pernod Ricard Bulgaria)
2 место: “Kamenitza All4One”, агенција: Interactive Share, клиент: Kamenitza
Категорија “Mobile”
1 место: “Здрави”, агенција: ВОКС-1, клиент: “Софарма”
Категорија “Social”
1 место: “Stay True People”, клиент: Ballantine’s (Pernod Ricard Bulgaria)
2 место: “J&B Modern Classics”, агенција: Knoway, клиент: J&B Scotch Whiskey
3 место: “Здрави”, агенција: ВОКС-1, клиент: “Софарма”
Категорија “Brave”
1 место: “Вело Линия”, агенција: Next-DC, клиент: LIDL
2 место: “Museum of Less Ordinary”, агенција: Next-DC, клиент: Vodka Finlandia
3 место: “CN Joking Billboard”, агенција: gobox, клиент: Cartoon Network
Извор: Capital.bg