Уделот на дигиталното надворешно огласување (DOOH) расте секоја година, па поради тоа IAB Croatia минатата година објави Упатствo за дигитално надворешно огласување, а сега и детален Поимник на најважните термини од DOOH индустријата.
Дигиталното надворешно огласување (DOOH) денес доаѓа во речиси сите облици и големини, во големи и мали формати и може да се најде на јавни простори, во густо населени урбани области, покрај автопати и приватни објекти. Неговото растечко присуство беше препознаено и во круговите на хрватската професионална заедница со објавувањето на Упатството за дигитално надворешно огласување на IAB Croatia, првиот документ на хрватскиот пазар кој вклучува информации за формати, планирање и закуп, како и најдобрите практики во дигиталното надворешно огласување. Иницијативата насочена кон подобрување на дигиталните практики продолжи со објавување на нов документ – Поимник за дигитално надворешно огласување на IAB Croatia.
Во име на IAB Croatia, хрватскиот огранок на организацијата IAB Global Network која го обединува светскиот пазар на дигитален маркетинг и создава глобални пазарни стандарди, овој преглед на најважните поими во дигиталното надворешно огласување го подготви Работната група на IAB Хрватска за DOOH огласување, во состав: Дин Удатни (Go2Digital), Ирена Андучиќ Селтхофер (Real grupa), Иво Кнежевиќ (Erste banka), Ирена Петек (Studio Nexus), со надворешна помош од Маша Савиќевиќ. Целта на Поимникот е да го направи дигиталното надворешно огласување подостапно за агенциите и огласувачите, а истовремено да ја подобри транспарентноста и одржливоста на овој растечки сектор во индустријата.
Огласувачката индустрија во последните неколку години значително растеше и еволуираше до точка каде што рекламниот простор сè повеќе се купува автоматски и програмски, па затоа IAB Croatia ја препозна потребата за нејзина стандардизација и развој на збир меѓуиндустриски стандарди.
„Индустријата на дигитално надворешно огласување расте десетта година по ред, преземајќи ја водечката улога во надворешното огласување и подигнувајќи ја целата индустрија со своите новитети и иновации. Со креирање на комплетно нов Поимник за DOOH, по минатогодишното Упатство за дигитално надворешно огласување, повторно ги подигнуваме стандардите за индустријата во која работите постојано се менуваат и иновираат, па затоа е исклучително важно да имаме континуитет кој што го следи растот на пазарот“ – истакнува Дин Удатни (директор за маркетинг, Go2Digital), член на работната група на IAB Croatia за DOOH огласување.
Придобивките од DOOH се можноста за “full-motion” видео, динамична содржина во реално време, поврзување со ангажман на социјалните мрежи, мобилно геотаргетирање, интерактивен екран на допир, препознавање гестови и многу повеќе.
Новиот Поимник може да се најде на ОВОЈ ЛИНК, а достапни се и претходно издадените Упатства за дигитално надворешно огласување на следниот ЛИНК.