IAB Europe, водечката европска индустриска асоцијација за дигитално огласување, го објави својот долгоочекуван извештај за состојбата со програматското огласување во 2024 година. Овој извештај, кој се објавува веќе десетта година, ја открива моменталната состојба во однос на усвојувањето на програматското огласување, клучните двигатели, предизвици и новите трендови во пејзажот на дигиталното огласување во Европа.
Комитетот за програматско тргување на IAB Europe за ова истражување собра увид од 254 испитаници, вклучувајќи огласувачи, агенции, издавачи и даватели на технолошки услуги за огласување на 31 европски пазар. Испитаниците делуваат на пан-европско и глобално ниво, а повеќе од половина од нив управуваат со годишни буџети за огласување поголеми од еден милион евра.
Ова сеопфатно истражување обезбедува важна референтна точка за двете страни на пазарот, купувачите и продавачите, помагајќи да се дефинираат стратегии кои ќе ги обликуваат идните инвестиции и операции.
Со оглед на тоа што европскиот пазар за дигитално огласување, проценет на 96.9 милијарди евра, продолжува да се движи кон програматски пристап, истражувањето го нагласува постојаниот раст на инвестициите во програматското огласување преку дисплејни, мобилни и видео канали, но и нови канали како што се поврзаната телевизија (CTV) и малопродажните медиуми (Retail Media).
Целосниот извештај, заедно со соодветните графички прикази, е достапен за разгледување на следниот ЛИНК.