ИАБ Европа (The Interactive Advertising Bureau Europe), во текот на вчерашниот ден ја лансираше “Библиотеката на ефективни адвертајзинг студии на случај“ со желба на огласувачите да им овозможи пристап до резултатите и ефектите од дигиталните адвертајзинг кампањи.
Неодамнешното Metrics and KPIs истражување, спроведено од ИАБ Европа откри дека повеќе од 80% од огласувачите сакаат да добијат подобар insight на тоа какви ефекти има дигиталното огласување врз кампањите за брендирање.
Оваа “Библиотека“ вклучува скорешни студии на случаи од речиси цела Европа и презентира како традиционалните бренд иникатори (brand awareness, brand recall, purchase intent и brand perceptions) се постигнати и мерени во дигиталниот свет.
Библиотеката е од отворен формат и во неа придонес можат да дадат сите национални ИАБ здруженија или членки на ИАБ кои можат да ги испратат своите студии на случај на : puffett@iabeurope.eu