Здружението за Интерактивно огласување ИАБ Македонија (www.IAB.mk) вработува технички секретар на определен период од 6 месеци со можност за продолжување на работниот ангажман.
Работниот ангажман ќе биде со половина работно време (4 часа) од понеделник до петок.
Основни задачи:
- Координација на тековни активности и подготовка на состаноци на телата и комисиите на здружението.
- Подготовка на презентации, понуди и останати материјали поврзани со тековните активности на здружението.
- Организација на настани.
- Деловна кореспонденција со сите членови на здружението, партнери и чинители во македонската медиа-маркетинг индустрија.
Потребни квалификации:
- Солидно познавање на Англиски јазик во пишана и говорна форма.
- Солидно познавање на Microsoft Office пакетот (word, power-point, excel)
- Високо образование
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат солидни познавања за развојот и трендовите во дигиталното огласување и одблиску ја следат медиумската и маркетинг индустрија во Македонија.
Сите заинтересирани кандидати се охрабруваат да ги испратат своите CV-а на следнава е-маил адреса: contact@iab.mk
Огласот трае до 10.06.2018 година.