The Coca-Cola Company, McCann Белград и Drive се добитници на повеќе награди на фестивалот IAB MIXX
Кампањата “Ви благодариме, доктори” освои IAB MIXX Гранд При, најпрестижна награда на фестивалот, како и награда Best campaign – COVID19 Crisis, а агенциите McCann Белград и Drive се наградени за кампањата Мистична тура, за клиентот The Coca-Cola Company со две награди – Best Cross Media Integration (брендиран storytelling со посебно креирана комуникација за различни офлајн и онлајн канали) и Best Innovation, кампања каде интерактивноста на технологијата се користи на иновативен начин со комбинирање на неконвенционални техники за рекламирање на производот или услугата. Двете кампањи беа реализирани во соработка со агенцијата UM Белград.
„Им благодариме на нашите партнери и клиенти за отвореноста и енергијата во креирањето неконвенционални кампањи, како и на тимовите на нашите агенции за нивната креативност и посветеност во работата. Ние веруваме дека секој бренд треба да има значајна улога во денешниот свет и многу сме горди што овие два проекти го најдоа своето место во времето во кое живееме“, изјави Јана Савиќ Растовац, извршен креативен директор на агенцијата McCann Белград.
„Многу сме горди на освоените наградите бидејќи тие потврдуваат дека компаниите и брендовите можат да се издвојат од конкуренцијата и да стигнат до своите потрошувачи користејќи нови технологии и иновативни канали за комуникација. Технологијата ни дозволува да ги надминеме границите на линијата бренд-потрошувач и затоа е важно пораката и содржината да бидат прилагодени на одреден специфичен момент. Тоа е, се разбира, основа, но претставува вистински предизвик во креирањето забавна содржина што ќе стигне до вистинските луѓе во различни контексти. Секоја нова платформа не става пред нов предизвик. Наше е да одговориме на овие предизвици со создавање дигитална мапа на која брендовите ќе бидат позиционирани така што да бидат запаметени“, изјави Данка Трбојевиќ, директор на агенцијата Drive.
IAB MIXX Awards (Marketing and Interactive Exellence Awards), меѓународно признато натпреварување за дигитални кампањи и проекти во Србија, е единственото глобално натпреварување кое е 100% – digital, а оваа година се одржа по четврти пат.
Во 2019 година, агенциите Drive и McCann Белград освоија награда во категоријата The Best Innovation со кампањата „Schweppes Character manual“ за компанијата Кока Кола.