Водечките луѓе на IBM и Red Hat вчера објавија дека IBM ја купи оваа софтверска компанија која се занимава со производство на open sourse софтвер и облак (cloud) услуги за 34 милијарди долари.
Оваа скапа аквизација ќе му помогне на IBM да ги консолидира своите напори во брзорастечкиот сектор на услуги во оваа област и да ја зајакне својата постоечка експертиза во потрадиционалниот облак (cloud) софтвер.
Red Hat ќе остане самостојна деловна единица во рамките на IBM, а портпаролот на IBM изјави дека IBM “ќе остане посветена на open source услугите на компанијата Red Hat, нејзината заедница на програмери и нејзините односи во open source заедницата. Red Hat, исто така, ќе го задржи своето сегашно раководство и ќе остане во своето сегашно седиште.