Во време кога се погласно се размислува за туристички патувања во вселената, Исланд сака да го врати фокусот на Земјата, потсетувајќи ги луѓето дека претпоставените искуства во вселената можат да се најдат токму на оваа планета на која веќе се наоѓаат.
„Исланд. Подобро од вселената“ – пишува на билбордот што туристичкот биро на Исланд го лансираше во Земјината орбита, надевајќи се дека ќе ги поттикне потенцијалните вселенските туристи да го разгледаат нордискиот остров како остварлива алтернатива за нивните планови за одмор.
Интересно е што студијата на организацијата покажа дека речиси половина од населението на САД (42%) мислат дека можат да видат повеќе живописни глетки на Исланд отколку во стратосферата. Притоа, Исланд го нуди сето тоа за многу помала цена и „јаглероден отпечаток“ врз природата.
За разлика од тоа што би биле заробени во мал бункер на вселенски брод, Исланд нуди неограничен кислород, свежа храна и неговите познати геотермални бањи кои ќе ве направат да се чувствувате и да изгледате подмладено.
За шесте од десет луѓе кои веруваат дека пејзажот на Марс ќе нуди црвени карпи, вулкани и црн песок, Исланд потсетува дека тоа е веќе достапно во нивната земја – заштедувајќи ви патување од стотина милиони километри.
„Пораката на вселенскиот билборд е јасна: учествувајте во патувања на Земјата и откријте опкружување кое го одзема здивот и бескрајните пејзажи кои се надвор од овој свет… но всушност на овој свет“ – истакнуваат од Visit Iceland.