При презентацијата на „метаверзумот“ и ребрендирањето на Фејсбук во Мета, Марк Зукерберг истакна дека тоа ќе биде „но искуствен свет со чудесни нешта за гледање и скоро допирање“. Меѓутоа, од туристичкото биро на Исланд сметаат дека таков свет веќе постои – „Исландверзумот“.
Исланѓани се решија да направат пародија на презентацијата на Марк Зукерберг за „метаверумот“ со помош на нивниот „генерален визионерски директор“ наречен „Зак Мосбергсон“.
Тој личи на Зукерберг и ги задржува „човечкиот карактер со роботски манеризми“, посакувајќи им добредојде на луѓето во „подобрената реална реалност“ на Исландверзумот. Што а најдобро – за тоа нема да ви бидат потребни „смешни уреди за на глава“.
„Зак Мосбергсон“ ги претставува гејзерите, водопадите, планините, вулканите, птиците, мововите и небото со северната светлина на Исланд, меѓу сето останато во прекрасниот пејсаж на нордиската островска земја.
На крај, како и во презентацијата на ребрендирањето на Мета, спотот завршува со „новото лого“ на Исландверзумот – тродимензионално оцртна карта на островот која се врти.