Македонската маркетинг агенција Идеа Плус со својот проект “Jazz“ за Винарија Тиквеш, се најде меѓу финалистите на AdStars интернационалниот адвертајзинг фестивал.
Помеѓу вкупно пријавените 18,000 проекти, 193-те членови на жирито од 67 различни земји ги одбра финалистите помеѓу кои е проектот на Идеа Плус, кој беше номиниран во категоријата outdoor.
AdStart фестивалот е еден од најбрзорастечките глобални огласувачки фестивали кој вложува огромен напор и пари многу брзо да застане рамо до рамо со најголемите креативни фестивали на светско ниво. Бројот на пријавени проекти секоја година вртоглаво се зголемува и се предвидува дека тој тренд ќе продолжи и понатаму.
Финалното жирирање ќе биде објавено на почетокот од Август, а на 20-ти август ќе бидат познати и имињата на победниците.