Маркетинг агенцијата Идеа Плус Комуникации изминатава недела реализираше хуманитарна акција за помош на азилантите.
Во просториите на агенцијата беше отворен пункт за донации каде многу компании и граѓани ја покажаа својата солидарност и донираа дел од работите кои им се најпотребни на луѓето кои транзитираа низ нашата држава и побараа азил.
Вредниот тим кој работеше на овој хуманитарен проект се погрижи и сета донирана храна и неопходните материјали да бидат соодветно селектирани и испорачани.
“Голема благодарност до сите хумани луѓе и компании кои ни помогнаа во реализација на оваа акција со која успеавме да собереме голем дел неопходна помош за азилантите. Се надеваме дека истата ќе преставува мотив и поттик за преостанатите индивидуалци и компании да согласно своите можности се вклучат како што можат и најдат начин да им помогнат на овие луѓе на кои навистина им е потребна помош “ – изјавија од Идеа Плус по завршувањето на акцијата.