Брендот на храна за мачки Whiskas лансираше нова глобална кампањата насловена “Purr More” („Преди повеќе“).
Кампањата вклучува збир на различни содржини кои содржат музика која наводно била научно докажано дека им се допаѓа на мачките, предизвикувјќи ги да предат повеќе.
Централниот спот на кампањата на еден хумористичен начин ни прикажува замислена фантазија на една мачка која потполно ужива во љубовта која ја добива од својата сопственичка. Гледаме како мачката надреално фантазира за соба полна со волнени клопчиња со кои може да си игра, плови со картонска подморница и лови риби и ужива во небесно меки перници додека ја галат бројни раце.
Кампањата вклучува и музички плејлисти на YouTube и Spotify со звучни бранови кои ќе ги натераат мачките да предат повеќе.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција AMV BBDO и продукциската куќа Blink Ink, додека пак медискиот закуп е задача на Mediacom.