На учесниците на Денови на комуникациите оваа пролет ќе им се придружат Шиви Џервис, светски познат експерт кој ги поврзува дигиталните иновации со невронауката, како и Микаела Мантења, која ќе нè однесе на патување низ контроверзниот метаверзум.
Светот околу нас не е едноставен и денес веќе не можеме да кажеме за нешто дека е црно-бело – а мисијата на Денови на комуникациите, фестивалот за пазарни комуникации што ќе се одржи во Lone Hotel во Ровињ од 11 до 14 април 2024 година, е токму да ги открие механизмите на промените и да им ги покаже на комуникациските експерти можните насоки во кои тие промени ќе се движат. Во тоа ќе помогнат голем број светски познати професионалци кои ќе го споделат своето знаење на големата фестивалска сцена – а оваа година на импресивната листа ќе се придружи и Шиви Џерви, експерт за иновации пофален од Forbes, BBC и Financial Times, како и Микаела Мантења, првата адвокатка за видео игри во светот, специјализирана во полето на регулативата, авторските права и неистражениот дигитален свет на метаверзумот.
„Токму вие сте највредната форма на интелигенција во оваа дигитална арена. Иднината е човечка – затоа што нашиот ум не е технологија што може да застари“ – вели дигиталната лидерка која Светскиот економски форум и TED Talks ја истакнуваат за нејзината неверојатна способност да демистифицира сложени теми. Позната по истражувањата кои ја комбинираат невронауката со најсофистицираните дигитални технологии, Шиви Џервис им покажува на многу организации, вклучувајќи ги Microsoft, Lenovo и Обединетите Нации, како да се подготват за најголемите промени што нè очекуваат.
Во мисијата да го хуманизира дигиталното, Џервис веќе застанала на преку 600 сцени за да ги сподели своите неверојатни сознанија од истражувањата за емоционално обучената вештачка интелигенција. Во своето предавање “The Future of Work is… Human!”, издвојувајќи се од морето негативни предвидувања, таа ќе објасни сè за фасцинантната врска помеѓу човечкиот ум и вештачкиот мозок – AI, и ќе го открие клучот за совршена синергија помеѓу човечката и вештачката интелигенција. Неверојатната способност за раскажување и големата енергија што овој шармантен стручњак ги носи на сцената ќе бидат само шлаг на тортата на овогодинешните Денови на комуникациите.
На визионерите никогаш не им е лесно, но како Џервис, така и Микаела Мантења, соработничка во Berkman Klein Center на Харвард и член на советот „Future of the Metaverse“ на Светскиот економски форум, го следеше својот пат. Но, меѓу сите достигнувања, најинтересниот факт за Мантења е токму тоа што се работи за експерт кој денес е познат како прв во светот што се закитил со титулата „Abogamer“, односно првата адвокатка специјализирана за регулатива и авторски права во неистражената област на дигиталниот метаверзум и видео игрите, со што им го отвора патот на сите денешни истражувачи во правните заплетки на видео игрите уште од времето кога стриминг индустријата не беше ни блиску до она што е денес.
Од научна фантастика до голема фама, метаверзумот претрпе низа трансформации пред очите на јавноста. По ветувачките проекции, критичарите го отфрлија како минлива мода, додека медиумите предвреме го прогласија нејзиниот крај, оставајќи многумина да веруваат дека неговата судбина е запечатена. Меѓутоа, под површината, фасцинантната технологија тивко ја обликува судбината на храбрите нови светови, за што Мантења ќе ни открие повеќе. “Who Killed the Metaverse? A Murder Mystery Game” е насловот на нејзиното интригантно предавање што ќе го одржи на Денови на комуникациите и ќе ги одведе учесниците на интересно и контроверзно предавање за метаверзумот од самиот негов почеток, притоа покажувајќи дека иднината нè чека – и дека не е доцна да ја обликуваме.
На главната сцена на фестивалот, каде на Џервис и Мантења ќе им се придружи Ден Арили, светски познатиот бихејвиорален економист, психолог и научник кој се занимава со човековото однесување; Јуџин Чеонг, креативен бунтовник од Азија со повеќе од илјада награди за неговата работа и голем број други светски експерти; и Алекс Партриџ, основачот на UNILAD и LADbible, кои со своите платформи допреле до милијарда луѓе ширум светот, овој типично-нетипичен фестивал ќе продолжи да ги освојува срцата на сите оние кои се желни за критичко размислување, нови пристапи и иновативни технологии. Познат по поставувањето неконвенционални прашања и потрагата по необични одговори, фестивалот Денови на комуникациите секоја година обезбедува уникатни искуства и на едно место ја собира најдрагата заедница на луѓе во полето на пазарните комуникации.
Сите креативци, маркетери, дигиталци, претставници на медиуми и други комуникатори кои сакаат оваа година да бидат во друштво на регионалните и светските лидери на пазарот, може да најдат информации за учество на www.danikomunikacija.com.